Лабораторија овозможува комплетен лабораториски сервис за потребите Здравствениот дом, за сите клиенти, за сите кои се грижат за здравјето, било тоа тие да се млади или стари, болни или здрави. |  | Во нашата лабораторија можете да направите комплетна крвна слика со 18 параметри. За итните случаи резултатите се добиваат во рекордно краток рок! |  | Тимот кој работи во Лабораторијата е високо едуциран, и обучен за работа на софистицираната лабораториска опрема. | |
Лабораторијата врши и комплетен преглед на урина, квалитативно и седимент под микроскоп. Тест за рано откривање на бременост се изведува во крв или во утринска урина. |  | Од биохемиските анализи : глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол, триглицериди, вкупни протеини, албумини, трансаминази, алкална и кисела фосфатаза, реума фактор, електролити, мочна киселина, гликолизира хемоглобин, се само дел од анализите кои се работат во оваа лабораторија. | |
|