Calendar Четврток, Март 28, 2024
Дома Статии “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” За д-р Грозде
“СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” За д-р Грозде PDF Печати Е-пошта

“СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” ЗА Д-Р ГРОЗДЕ СПАСОВСКИ
29.07.2005

Годинешен лауреат на наградата “Св. Наум Охридски” е д-р Грозде Спасовски вработен во Медицинскиот центар во Крива Паланка. На конкурсот општинските организации на Лекарската комора на Република Македонија предложија шест кандидати. Изборот на Комисијата за доделување на наградата беше докторот од Крива Паланка.

Одлуката на Комисијата на свеченоста по повод 5 јуни- Денот на Комората ја соопшти претседателот д-р Светлана Нешоска Николоска. Наградата ја врачи претседателот на Лекарската комора на Република Македонија проф. Д-р Алексеј Дума.

Во биографијата на д-р Грозде Спасовски е запишано дека е роден 1950 година во селото Баштево, Крива Паланка. Средно образование завршува во Крива Паланка. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје за рекордни пет и пол години. Веднаш се вработува во Медицинскиот центар во Крива Паланка како секундарец на хируршкото одделение, паралелно работејќи како лекар од општа практика. Во 1986 година специјализира и работи како специјалист по општа хирургија. Бидејќи на ова подрачје единствено тој е хирург, неговото работно време е 24 часа, или со непишана приправност. Крива Паланка како сообраќајно многу фреквентно место, непосредно пред меѓудржавен премин, место одалечено со десетици километри до Куманово и Скопје, тој многу често, се наоѓа на лице место на сообраќајни и други несреќи каде мора да работи сам и сам да донесува брзи одлуки за кои понесува комплетна одговорност. Безброј пати, како единствен хирург во Крива Паланка и околината, морал итно хируршки да интервенира и да го подготви пациентот безбедно да биде транспортиран до првата подобро опремена болница.