Опремување и уредување Печати

Здравствениот дом во Крива Паланка, под раководство на директорот Г-дин Радивој Маџовски е здравствена институција која бележи развој и напредок во сите сегменти.

Институцијата во последно време добива нов лик како резултат на несекојдневното залагање и напорно работење на раководниот, лекарскиот и помошниот персонал.

Здравствениот дом успешно ја зановува медицинската опрема и апаратура, се опремува со нова, градежно се уредува и се зајакнува кадровски. Со ова се допринесува на развојот на здравствениот сектор во градот и се подигнува квалитетот на животот на сите граѓани во Крива Паланка и пошироката околина.


Здравствен дом
Руинираните дворни површини се ОЗЕЛЕНЕТИ со што се создадоа  пријатни услови за престој, одмор и рехабилитација на пациентите. Нашите пациенти треба да чуствуваат пријатно и сигурно во секој дел од нашата институција бидејќи ние мислиме на нив. Озеленување
Нашата институција е опремена со ново теренско возило. Мобилноста е значаен фактор во случај на активности на терен во нашите краеви кои се планински, а често и тешко проодни.  Ново теренско возило
Објектот во автопаркот е саниран со замена на кровот, спроведување на топловодно греење, водоводна и одводна инсталација. Со тоа се создадоа услови за подигање на нивото на одржување на возниот парк со свои сили.  Заменет кров на објект во автопарк