Calendar Петок, Април 19, 2024
Дома Статии Утрински Весник 2006, д-р Грозде С. лекар на годината
Утрински Весник 2006, д-р Грозде С. лекар на годината PDF Печати Е-пошта

Утрински Весник    Број 1796 понеделник, 16 октомври 2006

Едно од најголемите стручни здруженија со нови овластувања
Лекарската комора ќе ги лиценцира лекарите

д-р Грозде С. ја прима наградатаЛекарската комора на Македонија (ЛКМ) и официјално ќе врши лиценцирање и релиценцирање на лекарите. Со овие нови јавни овластувања, кои вчера по повод Денот на лекарите министерот за здравство, д-р Владимир Димов, и официјално Ј ги предаде на оваа еснафска асоцијација, ЛКМ во името на Министерството за здравство ќе издава основни лиценци за работа, ќе ги продолжува на седум години, ќе врши стручен надзор на младите лекари, ќе нострифицира димпломи и ќе работи на целиот процес на континуираната медицинска едукација.

"Со предавање на овие овластувања, кои се во согласност со ланските измени на Законот за здравствена заштита, стартуваат и официјално реформите во здравствениот секторри, истакна министерот Димов. Според него, едукација во медицината е континуирана и таа не завршува со дипломирање и специјализирање. "Континуираната медицинска едукација е нешто што се спроведува во поголемиот број земји и во тој дел го држиме чекорот со нивви, рече по свеченоста министерот Димов. За потребите на континуираната медицинска едукација државата има издвоено буџетски средства во висина од 250.000 долари на годишно ниво. За годинава половина од тие средства се обезбедени од последниот заем на Светска банка.

"По 13 години, Лекарската комора, конечно, се избори за она што се залагашееи, истакна претседателот на лекарскиот еснаф д-р Алексеј Дума, кој додаде дека со преземање на јавните овластувања, Комората станува соодговорен субјект заедно со Министерството за здравство во обезедување квалитетни здравствени услуги. "Останува да се донесе уште соодветна законска регулатива за работата на докторите со која овој процес ќе се заокружиии, рече Дума.

За долгогодишна и успешна работа, најголемото признание "Св. Наум Охридскиии, кое традиционално се доделува секоја година, Лекарската комора на Македонија му ја додели на д-р Грозде Спасовски од Крива Паланка, кој ја понесе титулата лекар на годината.                    (Ј.Ј.)