Ова е страната на ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ - “Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ - Крива Паланка.
Здравствениот дом е на располагање на Вашите потреби со цел да го зачувате Вашето здравје. Нашите искусни специјализирани тимови, опремени со потребната медицинска опрема во соодветно опремени медицински простории, секогаш се спремни да Ви дадат врвна медицинска услуга со цел да ја вратат насмевката на Вашето лице. Здравствениот дом е лоциран во мирниот дел од градот, што Ви овозможува мирен престој во здраво опкружување што придонесува за Вашето брзо заздравување. Нашите услуги се изведуваат по прифатени доктринарни ставови и процедури. - Ние се грижиме преку адекватни интервенции и третмани да се постигне мексимален можен ефект и максимално искористување на расположивите ресурси со цел постигнување на најголеми придобивки. Во состав на Здравствениот дом работи и Центарот за Хемодијализа кој е еден од најсовремените во Република Македонија што овозможува терапија на пациентите во овој крај на државата на највисоко ниво.
|  |
|
|
Повеќе...
|
|
Здравствениот дом во Крива Паланка, под раководство на директорот Г-дин Радивој Маџовски е здравствена институција која бележи развој и напредок во сите сегменти. Институцијата во последно време добива нов лик како резултат на несекојдневното залагање и напорно работење на раководниот, лекарскиот и помошниот персонал. Здравствениот дом успешно ја зановува медицинската опрема и апаратура, се опремува со нова, градежно се уредува и се зајакнува кадровски. Со ова се допринесува на развојот на здравствениот сектор во градот и се подигнува квалитетот на животот на сите граѓани во Крива Паланка и пошироката околина.
|  |
|
Повеќе...
|
|
|
|